Сте го виделе ли некаде овој битолчанец - семејството го бара веќе 2 дена
На Фејсбук се споделува порака поставена од битолското семејство Талевски, со кое бара помош во пронаоѓање на таткото Стеван. 84 годишниот Стеван, кој боледува од склероза, пред два дена излегол од дома и повеќе не се вратил. Случајот е пријавен во полиција, но сепак семејството и на овој начин се обидува да најде помош за човекот кој, како велат два дена е без лекови.
Во моментот кога излегол од дома бил свесен, болеста покажувала знаци одвреме- навреме. Тој ја заклучил влезната врата на својот дом во Битола , а препознатлив би бил и по белото капче на глава и бастун како помагало за одење.
Семејството замолува ако некој го видел и ако го препознае од фотографијата да се јави на телефонскиот број 076/431- 928.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа