Владата со план против пушењето
Македонските власти планираат да се борат против пушењето со поскапувањето на акцизите на цигарите. Ваквиот план ќе стапи во сила од 1 јули 2014 година кога цигарите ќе поскапат во просек за 4 денари од кутија, а до 2023 година кутија цигари која што денеска ќе се продава за 40 денари, ќе достигне цена до околу 90 денари.
Властите планираат да ја зголемат стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите за 0,15 денари за цигара.
Стапката за секое парче од 1 јули 2016 ќе се зголемува за 0,20 денари за парче секоја година до 2023 година.
Проценките на СЗО се дека доколку сите земји го зголемат данокот на цигарите за 50% на светот ќе има 49 милиони пушачи помалку. Со тоа ќе се избегнат 11 милиони смртни случаи кои се предизвикани од пушењето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа