Рангирањето на Херитиџ - показател дека Македонија има одлични услови за бизнис
Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека напорите што Македонија ги правеше во минатиот период се валоризираат во извештајот на Херитиџ фондацијата за слободата на економијата каде од 2006 година досега има сериозен скок за цели 35 места.
- Македонија е пласирана на 43 место од вкупно над 180 држави, што е подобро од која била земја во регионот, но и подобро од 13 земји-членки на ЕУ, како што се Франција, Италија, Шпанија, Полска, Унгарија и поголем број други држави кои долг период се членки на ЕУ, а сепак Херитиџ фондацијата наоѓа дека Македонија е многу подобро рангирана, односно има многу подобри услови во тој правец за слобода на економијата, рече Груевски.
Груевски потенцира дека напредок има во многу полиња. Се мерат повеќе индикатори, се мери индикаторот монетарна слобода, индикаторот слобода на тргување, се мери индикаторот на владеење на право и повеќе други индикатори што укажува дека Македонија е одлично пласирана и има одлични услови за правење бизнис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа