Груевски на новата музејска поставка во Музејот на македонската борба
Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска во 12 часот ќе биде промовирана новата музејска поставка.
На промоцијата ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Музејот на македонската борба беше отворен на 8 септември 2011 година и досега го разгледале над 100.000 посетители. Во него се поставен повеќе од 100 восочни фигури, како и голем број уметнички слики-масовни сцени и портрети. Збирката на оргинални предмети брои околу 1200 експонати
30.05.2014 - 10:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа