Рокот за земјоделски субвенции истекува утре

 

Рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции за 2014 година завршува утре, 31-ви мај.

Платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

- Ги потсетуваме одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, соопшти Агенцијата

30.05.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега