Љубе Бошкоски повторно напиша писмо од затворот во Идризово

 

„На денот денешен пред  пола деценија на големиот христијански празник Спасовден ја формиравме Обединети за Македонија како партија за спас на Македонија.

Затоа честитки до оснивачите, членовите, симпатизерите и до сите граѓани на Република Македонија, на оние со нескршлив дух и идеал за ВМРО и Македонија. До сите кои не го подарија големиот идеал за богаствата на животот кои итака е минлив.

Да продолжиме да сонуваме будни верувајќи само во искреноста на своите чуства, иако помешани со радост и болка со силен заскриен и неискажан крик за Македонија во се што е акумулирано во нас, да ја претвориме во силнаОБЕДИТЕЛНА  енергија силно верувајќи во обединувањето  за Македонија.

Стратегијата која ја најавивме во првата половина од оваа деценија преку нашите јасни програмски цели беше забавена не по наша вина но не беше запрена иако силно опструирана на нејзиниот јасен пат по кој треба да се движи Македонија.

Но пред нас браќа мои и сестри е втората половина на оваа деценија која ќе биде силно обележана со Обединети за Македонија, не само како политички субјект  но како фактор на одлучување без кои неможе да се замисли политичката иднина на Македонија.

Нашиот ПОБЕДОНОСЕН ОД продолжува, нашите програмски цели ќе бидат реализирани не како политички фрази и политички клишеа но како реалност Македонска.

УРА  за Македонија, ура за Обединети за Македонија идеологијата која останува во нас, во нашиот БУДЕН СОН за единствената наша, вечна и бесмртна Македонија.

Од длабочината на душата со благодарност

Ваш брат Љубе Бошкоски претседател на ОМ

Зандани – Идризово 29 мај 2014 година“

29.05.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега