Браво: Добил 72 милиони евра на Лото, 50 донира во добротворни цел

 

Среќниот добитник на лотаријата Евромилион, кој во февруари доби 72 милиони евра, се подготвува да подари за добротворни цели 50 милиони евра, пренесува дописникот на МИА од Париз.
 
Како што јави национално радио РТЛ, среќниот добитник е на возраст од педесетина години, нема деца и самиот не се соочува со финансиски проблеми. Добитникот според неговата желба и понатаму останува анонимен.
 
Француската лотарија потврдува дека не се памети во нејзината историја еден среќен добитник на лотарија да оддели толку голема сума за добротворни цели. Според лотаријата, самиот добитник ќе следи на кој начин даруваните фондови ќе бидат искористени

29.05.2014 - 12:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега