Преку информатички технологии до развиено земјоделство
Денеска во Битола, ќе биде претставен новиот прокект Агро ИТ, кој ќе биде промовиран од страна на Федерацијата на фармери и Даталаб МК. Ваквиот проект ќе има за цел да воспостави Платформа во неколку земји од ЕУ и која обединува клучни апликации, технологии, услуги, софтверски и мобилни апликации за менаџирање фарма преку компјутерска програма.
Презентирани ќе бидат и информатички технологии кои се применуваат во земјоделството, како и земјоделска механизација која е нераскинлив дел за развој на македонскиот аграр и зголемување на продуктивноста.
29.05.2014 - 09:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа