Во Скопје работилница на тема заштита на личните податоци

 

Денеска во Скопје во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци со поддршка од инструментот за предпристапна помош на ЕК ќе се одржи работилница на тема „Заштита на личните податоци и cloud computing“.

Преку истата ќе се разменат добрите практики во однос на ризиците кои произлегуваат од користењето на cloud computing и начините за надминување на овие ризици. Ќе бидат презентирани и најдобрите примери на правното регулирање на односот помеѓу обезбедувачите на cloud computing сервисите и нивните клиенти, а од аспект на заштита на личните податоци кои се пренесуваат.

Експертите од надзорните органи за заштита на личните податоци од Словенија, Данска, Шпанија и Велика Британија ќе ги споделат своите искуства по однос на наведените прашања како и за поставувањето на техничките и организациските мерки за заштита на личните податоци.

Осврт ќе биде даден и на мислењата и насоките за cloud computing од страна на Работната група 29. 

29.05.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега