Го чувате стариот телефон? - Тука можете да го продадете за 1000 евра
Верувале или не, старите мобилни телефони повторно се на цена. ПОпуланите Нокиа 3310, 8210 и телефоните од таа серија во моментов се продаваат „како алва“. Голем број корисници се враќаат на телефоните чија батерија трае по една недела, полесни се за ракување и практично не се уништуваат.
Џесем Хадад кој веќе 5 години успешно води веб сајт за продажба на стари телефони, вели дека во последните неколку години, продажбата значително скокнала. На пример Nokia 8800 Arte Gold се продава за неверојатни 1.000 евра, а обична Nokia 8810 може да се купи за 250 евра. На цена е и 8210 за која корисниците плаќаат по 60 евра. Околу 10 евра помалку е легендарната 3310.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа