УХМР најавува „потоп“ и големо заладување: Ќе врне 12 часа без престан

 

Обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Дождот ќе ја зафати Македонија ноќта меѓу четврток и петок, во период од 12 часа.

Поради влијание на влажен бран од Медитеранот, времето утре и задутре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи.

Температурата позначително ќе опадне и во петок ќе се движи од 16 до 22 степена, а потоа ќе биде во благ пораст.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и локални врнежи дожд со послаб интензитет и ретки грмежи.

Во петок и сабота ќе дува умерен, на места повремено засилен северозападен ветер.

УХМР предупредува во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

 

28.05.2014 - 20:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега