Забрана за движење на тешки товарни возила патот Пробиштип - Кратово

 

Забрана за движење на тешки товарни возила на регионалниот пат Пробиштип - Кратово поради појава на свлечиште.

На влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

Забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти денеска АМСМ има и на патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, посебно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

28.05.2014 - 18:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега