Дали со биометриските возачки ви треба и меѓународна дозвола?

 

Меѓународната возачка дозвола задолжителна за сите кои со возило сакаат да ја напуштат Македонија. И покрај двојазичноста на новите национални биометриски возачки дозволи сепак и понатаму за управување со возило надвор од земјава ќе ви биде потребна и меѓународна дозвола. Иако бројни примери во соседството го говорат спротивното, сепак возачите не треба да бидат изненадени доколку вон границите на Македонија бидат санкционирани за непоседување меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.

Во интерес на граѓаните, освен централата во Скопје преминот Богородица е второто место каде АМСМ ги издава сите потреби документи за излез со возило од земјава.

Тоа се меѓународната возачка дозвола, одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од земјата, зелениот картон и патничкото осигурување.

Граѓаните недоволно информирани за кои држави им треба меѓународна возачка дозвола.

Иако кон крајот на 90-тите Македонија потпишала билатерални договори со Италија, Шпанија и Франција за управување со моторно возило само со поседување на национална возачка дозвола, сепат тие договори до ден денешен останале нератификувани од нивна страна.

Досегашната пракса на полициите во регионот покажуваше дека единствено македонската возачка дозвола беше потребна за управување со моторно возило. Но доколку сегашниот закон ги обврзува за проверка и на меѓународна возачка дозвола, постои голема можност доколку ја немате да се соочите со парична казна.

28.05.2014 - 11:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега