Големо невреме во Скопје - граѓаните да не се изложуваат на опасности

 

Граѓаните без поголема причина да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор и да не се управуваат моторни возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, апелира Центарот за управување со кризи, по добиената временска прогноза во која се укажува дека и денеска во повеќе места во земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, засилен ветер и град.  

Врз основа на добиената временска прогноза од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, и денеска подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилни врнежи, засилен ветер и појава на град.

Поради тоа, Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните, без особена поголема причина, да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор, поради можни атмосферски електрични празнења. Исто така, без посебна причина да не управуваат со моторните возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, заради нивната сопствена безбедност.

Им препорачуваме на населението во случај на итна потреба да ги користи телефонските броеви за итни повици 192-полиција, 193-Бригада за ПП заштита, 194-за потреба од итна медицинска помош и 195 - телефон за сите можни ризици и опасности во Центарот за управување со кризи. 

Покрај тоа, населението од Градот Скопје да ги користат трите новопоставени телефонски броеви за пријавување одредени настанати опасности или дефекти во нивната средина - 02/ 3073010, 02/ 3297295, 02/ 3297204.

26.05.2014 - 14:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега