Затворот во Струга да биде само за жени - идејата повторно на маса
Идејата за преадаптација на струшкиот затвор само за жени повторно е на маса. Министерот за правда Игор Филков при работна на посета на Казнено-поправниот дом Струга, затвор од отворен тип, вели дека во таков случај, затвореници од таму би биле префрлени во друга установа.
,,Остваривме работна средба, ги видовме состојбите, ги видовме капацитетите на затворот. Ја реактуелизиравме идејата за комплетно женски затвор со тоа што би се преадаптирале многу работи и цело женско одделение од затворот Идризово би се префрлило тука. Како идеја ја зборуваме некое време, се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од сите партнери и ќе можеме набрзо да ја реализираме. Идејата за женски затвор значи комплетно женски, а затворениците од овде ќе бидат преместени во друг. Се договоривме да се изготви проект и тогаш ќе знаеме колку финансии ќе се потребни, рече Филков, посочувајќи дека во ниеден затвор во државата состојбите не се најдобри и не е вложувано со децении”, изјави министерот за правда Игор Филков.
КПД Струга има капацитет за 60 лица, а во моментов 21 лице издржуваат затворска казна. Со оглед на тоа што станува збор за затвор од отворен вид, на осудените лица им е овозможено да бидат работно ангажирани. Идејата е да се пристапи кон изготвување на проект со цел да се утврдат финансиските импликации, затворот целосно да се пренамени за потребите на женската затвореничка популација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа