Утрово мирно во Ѓорче Петров по синоќешното убиство

Во општината Ѓорче Петров денеска е мирно, а сообраќајот веќе е нормализиран и се одвива непречено по синоќешните немири предизвикани по убиството на младиот матурант, пренесува МИА.

Советот и градоначалникот  на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.

- Советот и Градоначалникот  на општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Од општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство, се вели во писменото соопштение до медиумите.

Инцидентот се случил откако Насер Е. влегол во куќата на убиениот Ангел и одзел велосипед. Тоа го забележале Ангел и татко му поради што Насер Е. почнал да бега. Потоа Анегел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал при што дошло до физички контакт меѓу нив во кој бил смртно повреден.

20.05.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега