НАТО подигна авиони поради руски извидувачки авион над Балтикот

 


НАТО подигна два германски авиони „Јурофајтер“ поради ненајавено приближување на руски извидувачки авион над Балтичкото Море, соопштија денеска официјални лица.

Како што пренесе ДПА, млазните авиони полетале од воениот аеродром Росток-Лаге за да го идентификуваат рускиот авион „Иљушин Ил-20М“.

Тој летал без сигнал и без известување и останал во меѓународниот воздушен простор, изјави портпарол на германските воздухопловни сили.

Ова беше 10-то алармно полетување над Балтичкото Море оваа година.

Ситуацијата во областа станува сè позатегната по неодамнешните шпионски инциденти и осомничени акти на саботажа.

26.08.2025 - 21:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега