Прв државен натпревар во Македонија за спасување во сообраќајќи

 

Првиот државен натпревар за спасување и извлекување жртви во тешки сообраќајни несреќи ќе се одржи денеска на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Организатори на натпреварот се Дирекцијата за заштита и спасување, ЗЕЛС, невладината организација од Велика Британија-операцијата Флоријан, Црвениот крст, Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, АМСМ, Tojota Fund for Europe и Vimpex.

Ваков тип на натпревар првпат се случува во Македонија и во регионот. Целта на натпреварот е на едно место да се соберат тимови за спасување составени од професионални пожарникари, кои ќе ги демонстрираат и надградат  своите способности во овој дел.

Натпреварот има два дела, натпреварувачки кој почнува во 8 часот и едукативно-музички или забавен дел во 12:30 часот. Во првиот дел ќе има загрозено лице во тешка сообраќајна несреќа. Ќе се разгледуваат три ситуации-возило превртено на страна, превртено на покрив и возилото на тркала. Ќе бидат вклучени луѓе во улога на повредени/заглавени во возилото, кои се медицински обучени и соодветно опремени. Тројца меѓународни судии ќе ги оценуваат пожарникарите, а резултатите ќе бидат за интерна употреба на Дирекцијата за заштита и спасување. Во забавниот дел ќе настапат Сара Мејс и Тони Зен.

На натпреварот ќе учествуваат осум тимови од планските региони во Македонија. Тимовите ќе бидат составени од шест професионални пожарникари.

Пред матурските забави, припадниците на противпожарните бригади од 12 до 16 мај,  одржаа презентација за поголема безбедност во сообраќајот и ги споделија своите искуства со средношколците од трета и четврта година. Со проектот беа опфатени 14 средни училишта низ Македонија, во Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Штип, Струмица, Велес, Кичево, Охрид и Прилеп.

19.05.2014 - 09:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега