Македонските општини и ЗЕЛС обезбедуваат помош за настраданите во Србија и БиХ
Заедницата на единиците на локалните власти на Република Македонија- ЗЕЛС спроведува низа координативни активности со своите членки, македонските општини, за обезбедување на хуманитарна помош за населението од поплавените општини во Република Србија и во Република Босна и Херцеговина. ЗЕЛС контактираше со Српската асоцијација на општини(СКГО), од каде доби информации дека, во моментов, на населението од загрозените подрачја најнеопходен им е дотур на флаширана вода, облека и средства за хигиена.
-Општините интензивно спроведуваат низа активности, со цел обезбедување на што поголема количина на хуманитарна помош, која заедно со останата помош од земјава се испраќа во подрачјата зафатени од елементарната непогода, предизвикана од излевањето на многу речни корита,поради поројните дождови што врнеа изминативе денови. Во овие активности, општините ги вклучуваат и своите граѓани, кои на повеќе утврдени пунктови, донираат најразновидни продукти. На овој, начин општините во Македонија, во координација со ЗЕЛС, се вклучуваат во поддршката на општините од Србија и Босна и Херцеговина, соопштуваат од ЗЕЛС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа