И гевгеличани собираат донации за помош на Србија и БиХ
Гевгелискиот Црвен крст и Општина Гевгелија организираа хуманитарна акција за помош на граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина, чии домови беа поплавени.
Црвениот крст и Општина Гевгелија денеска упатија апел до граѓаните и фирмите да ја покажат својата солидарност и во најкус можен рок да достават донации во рамки на своите можности.Организаторите потенцираат дека најнеопходна е храна, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна, флаширана вода за пиење и средства за хигиена.
Помошта од денеска се доставува во просториите на општинскиот Црвен крст во Гевгелија, а од утре ќе има и дополнителна локација во спортската сала на ДТВ Партизан.
Акцијата ќе се одвива секој ден заклучно со 31-ви мај. Парични средства може да се испраќаат само на фондот за солидарност при Републичкиот Црвен крст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа