Груевски на телефон со Вучиќ: Македонија е подготвена да ви помогне

 

Македонскиот премиер Никола Груески денеска остварил телефонски разговор со српскиот премиер Александар Вучиќ, по повод катастрофалните поплави кои ја погодија Србија.

Груевски и Вучиќ разговарале за актуелните состојби во врска со поплавите и природните непогоди кои го погодија нашиот северен сосед, како и за потрбите и можностите за поддршка. Премиерот Груевски истакнал дека Македонија во секој момент и во најбрз можен рок е подготвена за давање помош на Србија, во склоп со нашите ресурси и можности. 

Двајцата премиери договориле понатамошна координација и комуникација во врска со сите потребни активности.

 

18.05.2014 - 14:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега