Црвенковски дефинитивно се повлекува од лидерското место во СДСМ

Дефинитивно се повлекувам од лидерската позиција. Ова Бранко Црвенковски му го соопштил на највисокото партиско раководство на состанок кој се одржал неодамна, јавува Дневник, повикувајќи се на високи извори од Бихаќка. Според весникот, во СДСМ веќе нема дилема дека по конгресот кој се уште не се знае дали ќе се одржи во мај или во јуни, Црвенковски заминува од лидерското место. Сепак, партиски функционери за Дневник велат дека тоа нема да значи целосно повлекување од партијата бидејќи повеќе од сигрно е дека ќе остане почесен претседател и дека ќе биде како што велат, лидер во сенка. 
Одлуката на Црвенковски доаѓа по лошите резултати на локалните избори, кога забележа најубедлив порз на едни локални избори во историјата на независна Македонија