Малтретирал патници за време на лет и се заканувал дека ќе го запали авионот

За време на лет од Цирих за Приштина во неделата еден албанец малтретирал патници, извикувајќи „Алах е голем“ и заканувајќи се дека ќе го запали авионот, пишуваат приштинските весници.

Мажот имал околу 35 години држел во рака чкорче кибрит и шише со непозната течност заканувајќи се дека ќе го запали авионот извикувајќи „Алах е голем“ тој почнал да се заканува веднаш по полетувањето на авионост со над 150 патници, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

- Сите ќе одиме кај Алах! Сакате да одиме во рајот или во пеколот? Алах е бог, а Мухамед е неговиот пророк, во спротивно сме ништо, изјавил човекот, што ги малтретирал патниците на висина од десет илјади метри.

Косовската полиција не може да го потврди овој случај. Тоа не може да го направи ниту Валентин Гара, портпарол на меѓународниот аеродром во Приштина. 

12.05.2014 - 13:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега