Момче прободено со нож во центарот на Скопје

 

Вечерва околу 19 часот пред Универзитетската библиотека во Скопје, група од околу 15 млади лица од албанска националност, нападнала 5 момчиња од Битуше, Делчево и Пехчево при што 21 годишниот А.В од Делчево бил прбоден со нож во грбот, информираше полицијата.

Повреденото момче во обид да избега се движело кон Музејот на ВМРО кога било пресретнато од полициски службеници и однесено во Градската болница.

Во моментов се изведува хируршка интервенција, потврдуваат од болницата.

најчитано сега