Утрешната временска прогноза носи многу причини за добро расположение
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
До понеделник ќе се задржи топло и претежно стабилно време, само во сабота попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи
08.05.2014 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа