Од 7 мај Вино-Фест во Скопје

 

Скопје може да се пофали дека има свој пролетен фестивал кој го слави виното веќе трета година по ред. Ако минатата година ја паметиме по неверојатните музички настапи на актуелните балкански музички бендови и големиот избор на вина и оваа година организаторот Веро се погрижи овој настан да добие уште поголем квалитет и уживање за сите посетители. Официјалното отворање е на 7 мај на веќе проверената локација на отворениот паркинг простор пред Веро-центарот, а ќе трае до 11 мај. Првите два дена програмата е планирана да почне во 17 часот и ќе трае се до 1 после полноќ додека од петок забавата се поместува еден час подоцна т.е започнува во 18 часот и ќе трае се од 2 по полноќ. „И овој пролетен Веро вино-фест го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното, бидејќи како што велат, пивото е создадено од луѓето, но виното го направиле боговите... Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња. Ги поканувам сите љубители на добрата музика и на фината капка заедно го славиме животот, старите пријателства, среќните времиња, убавите манири, фантастичната музика и вкусната храна“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро. На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат:Миле Кузмановски, Тамбураши, Блех Оркестри, Сара Мејс, Чалгии, Митан Проџект, Дани Димитровска, Жаре Бербер, М.В.П. Србија,Диџеј Славе, Ајдарет, Ристо Џипси Џез, Тумбао Салса , Фулиш Грин , Стринг Форсис и многу други. Влезот за сите посетители и годинава е бесплатен!

02.05.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега