Што прават жените против големиот пенис?

 

Големината на пенисот е честа тема во женските кругови, иако некако во друштвото повеќе се вовлече изреката "Не е важна димензијата туку техниката".

 

Кога ќе прашате некоја жена дали би преферирале нивниот партнер да има просечен или голем пенис, веруваме дека ќе го одбере она првото, со оглед на тоа дека голем број жени панично се плашат од "огромни чудовишта". Сепак, ни тој страв не е без причина, со оглед на тоа дека не е воопшто пријатен за справување во кревет.

Големината на пенисот е честа тема во женските кругови, иако некако во друштвото повеќе се вовлече изреката "Не е важна димензијата туку техниката". Сепак, по се изгледа дека разговорите за малите, просечните и големите пениси засекогаш ќе бидат присутни помеѓу дамите, со оглед дека во голема мера во мислењето се поделени.

Пред се', може да се каже дека само искусни дами се свесни за фактот дека, како и за се во животот, така и за пенисот важи фразата - се што е умерено е најдобро. Меѓутоа, не е мал бројот на оние кои "страдаат" што немаат "фраери" со големи пениси, додека пак од друга страна многу од нив се обидуваат да се справат со огромниот "ѕвер" кој секоја вечер ги дочекува во кревет. Доколку и вие сте една од нив, еве на кои начини можете да го ублажите своето страдање предизвикано од преголемиот машки алат.

Не заборавајте на предиграта
На жените им е потребно повеќе време да се возбудат отколку на мажите, поради што предиграта во ваквите случаи е од култно значење. Многу е едноставно - доколку жената не е доволно "напалена" сексот нема да биде добар. Предиграта ги опушта вагиналните мускули и го стимулира придодното подмачкување што дополнително ја олеснува пенетрацијата.

Лубрикантот е вашиот најдобар пријател
"Инвестирајте во некој добар и квалитетен лубрикант бидејќи тие не се скапи, а ќе ви допринесат многу за вашето сексуално уживање", советува експертот за секс Анабел Најт и додава дека колку што е повлажна ената толку пенетрацијата ќе биде полесна и побезболна.

Само полека
Од огромно значење е машкото со голем пенис да биде нежен и да оди пополека. "Жените најчесто имаат поголем проблем кога машкото има предолг пенис, отколку кога пенисот е подебел", тврди Анабел. За време на пенетрацијата жената може да почувствува болка која не е воопшто пријатна, поради тоа најважно е машкото да биде спор и нежен. Нема потреба од брзање во ваквите ситуации.

Најдобри пози
Во овој случај најдобри се оние секс пози во кои жената ја има контролата, а една од нив е кога жената е горе, а машкото доле. На тој начин жената може да ја контролира пенетрацијата, длабочината и брзината. Но тоа не значи дека постојано треба да практикувате една иста поза. Експериментирајте и испробајте ги позите кои вас најмногу ви одговараат за да и двајцата уживате во сексот.

Бидете внимателни при анален секс
Многу парови практикуваат анален секс. кога машкото е премногу обдарено ова може да биде поприлично болно поради што Анабел советува да бидете повнимателни.

 

"Само полека и нежно, особено ако ви е прв пат. Жената мора да биде сосема опуштена за да би уживала во добар анален секс. И запамтите - лубрикантот е задолжителен за да биде што попријатно", додава Анабел

Извор: Точка

24.04.2014 - 16:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега