Драма во Струмица: Мртов пијан влегол со нож во кафеана
На улицата „Киро Абрашев“ бб, во Струмица, во угостителскиот објект „Кај Кус“, 31-годишниот М.О. направил вистинска драма откако влегол и започнал да се заканува со нож на сопственикот ивработените.
Сопственикот на објектот Б.Д. и вработениот Н.Ѓ. кои се нашле на местото на настанот, веднаш повикале полиција, а кога полициските службеници пристигнале, бесниот струмичанец почнал да им се заканува дека ќе ги нападне и нив.
Полицајците го совладале насилникот, а при алкотестирање му е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 3,35%о.
20.04.2014 - 12:41
Фото:
дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа