ВМРО-ДПМНЕ: Експресниот пат е за граѓаните, не е на политичките партии
Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во пресметка на СДС чив е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или друга партија. Ниту дали има логика се што ќе направиме ние, тие да тврдат дека било нивно, иако народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен проект, апсолутно ниту еден, и сега оправдано на сите нормални луѓе им изгледа налудничаво кога тврдат дека се ова, тие направиле. Токму тоа беше една од причините зошто изгубија на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение до медиумите.
Покрај криминалот и измеќарството кон ДУИ. Да потсетиме дека плаќаа тешки милиони, а немаа почнато со градба. Така да, бесполезни се ваквите дебати со нив. Сеуште живеат во филмовите на потценување на народот и сурово бескурпулозно лажење, типично за нивното лидерство и нивниот лидер во сенка.
Патиштата остануваат на граѓаните на Македонија. А СДС за жал на сите, е тука со своето однесување да не потсетува како не треба, додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа