Со автомобилот удрил во велосипедист - 10 сообраќајки во Скопје
На подрачјето на Град Скопје вчера од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден пешак и еден возач на мотоцикл.
Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди. Истата се случила во 7 часот и 20 минути на крстосницата од булеварот „8 Септември“ и ул. „Прашка“ во која учествувало патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и велосипед „гигант“, управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Наум Охридски“ во село Булачани, во подрачното ОУ „Наум Охридски“ во село Црешево, како и во подрачното ОУ „Крсте Мисирков“ во село Брњарци и во средните училишта „Лазар Танев“ и „Никола Карев“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Карпош.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа