ВИДЕО: Си го убил синот по грешка - шокантни детали за убиството во кочанско Спанчево

 

Синот Драганчо дома се вратил пијан, по седенката во селската кооперација. Започнал расправија со својот татко околу неодамна купаниот трактор и фреза. Расправијата била жолчна но траела кратко. По ова таткото излегол а синот легнал да отспие. Кога се вратил таткото дома, ја забележал својата сопрга како лежи онесвестена. Мислел дека синот ја убил. Ја зел секирата и со два удари на спиење го убил својот син. 

По ова, наместо да отиде во полиција, тој легнал за да отспие. Случајот во МВР го пријавил утредента. 

Селаните за локалната ТВ Стар велат дека и таткото и синот биле мирни луѓе кои не правеле проблеми.

10.04.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега