Го нашле случајни минувачи: Четиригодишно дете пренесено на скопските клиники

 

Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, велат од МВР за Прес 24. Станува збор за дете кое е петтиот патник од автомобилот кој претходно денеска излета во Вардар кај с.Рашче. Нуркачите трагаат по останатите патници, а Тигрите го вадат автомобилот од реката.

„На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител“, соопштија од МВР. 

02.01.2025 - 20:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега