Николоски: Откако сме избрани - 11 нови дестинации од нашите аеродроми

Туризмот расте со силно темпо како резултат на 11-те нови авиодестинации што ги воведовме. Имаме за 20 % раст на туристи во споредба од минатата година. Скопје веќе е ставен на светската мапа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто во емисијата “Јади бурек”
"Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само во мај месец имаме за 101 илјада повеќе туристи отколку во мај месец лани. Туризмот расте со најголемо темпо во државата, 20 % раст има во споредба со минатата година и град број 1 за туризам е Скопје, а Охрид е број 2, што за мене е логично затоа што начинот на туризам се менува, се повеќе луѓе патуваат да ги видат големите центри, Скопје е веќе на мапата.
Добивме и позитивно мислење од УНЕСКО за реконструкција за аеродромот во Охрид и дадов насоки да заврши туристичката сезона и некаде од месец октомври да започнеме да го реконструираме аеродромот”- изјави вицепремиерот Николоски.
24.07.2025 - 21:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа