Пристап до тајните на Алијансата: Директорот на АНБ Бојан Христовски доби НАТО сертификат

 

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, објави МКД.мк повикувајќи се на извор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци.

Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи информации на Алијансата.

Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот.

 

 

02.01.2025 - 19:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега