Јован и Јане: Првите бебиња во Струмица се машки близнаци

 

Првите бебиња родени во Струмица во новата година се машки близнаци. Попладнево, десетина минути пред 17 часот, на Одделението за гинекологија и акушерство при струмичката болница, мајката Ѓоргина Стојчева од село Моноспитово, Општина Босилово, ги донесе на свет овие радосни бебиња.

Првото бебе се родило во 16:45 часот со тежина од 2.480 килограми и долго 49 сантиметри, а второто пет минути подоцна со тежина од 2,3 килограми и исто така долго 49 сантиметри

Ова е прва рожба на мајката Ѓоргина, а породувањето го изврши д-р Соња Балџиева.

Инаку, среќниот татко на фејсбук објави дека близанците ќе ги носат имињата Јован и Јане.

02.01.2025 - 19:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега