Добри вести: Од утре ќе почне да се затоплува

 

 Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и со ретки грмежи. На планините ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а доцна попладне и во вечерните часови ќе се промени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Викендов ќе преовладува стабилно и суво време со слаб пораст на температурата. Од понеделник ќе има поголемо затоплување на времето. 

28.03.2014 - 08:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега