Змејкова на средба со Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам „Во мојот свет“
Денеска беше одржана работна средба меѓу првиот човек на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, заедно со нејзиниот тим Анита Минова и советникот на претседателот на Владата со претставниците на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам - „Во мојот свет“.
Змејкова на состанокот посочи за можноста за унапредување на здравстваната состојба на лицата со аутизам, како и подобрување и зајајкнување на едукацијата на населението и на медицинскиот персонал со цел рана детекција на оваа група пациенти.
Ваквиот настан се одржува трета година по ред, а претседателот на Здружението по повод 2 април Меѓународниот ден на аутизмот, ги повика сите претставници од ФЗОМ.
На средбата било разменето и мислење за раното откривање на децата со аутизам и како тоа би влијаело врз нивната состојба.
Според Светската здравствена организација се проценува дека во Македонија живеаат околу 2.000-2.500 лица со аутизам.
Весна Стојановска, потпретседател на Здружението истакнала дека отворањето Центар за рана детекција и третман на лица со аутизам би бил од огромно значење за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам, место каде би се згрижиле, родителите би добиле навремени информации и рана дијагностика, ран третман, право на едукација и здравствена заштита.
Од страна на ФЗОМ, Парнарџиева Змејкова побарала од претставниците на Здружението да достават анализа на состојбата на лицата со аутизам.
Фондот продолжува со практиката да остварува редовни директни средби со здруженијата на граѓани за да се изнајдат најдобрите начини да се унапреди квалитетот на здравствени услуги согласно потребите на самите пациенти и осигуреници, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа