Намален бројот на грипосани во Велес
Во Велес изминатата недела е регистрирано намалување на бројот на заболени од грип. Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес во изминатите седум дена во Велес се регистрирани 66 новозаболени од грип. Епидемиологот Билјана Трајкова истакна дека најголем број новозаболени 53 имало во старосната група од 15 до 64 години. Осум деца од заболените се на возраст од 5 до 14 години, а две деца на возраст од 4 години.
Инаку според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здравје заедно со новозаболените во март досега се регистрирани 738 заболени од грип, во февруари 616, а во јануари 230 заболени. Таа воедно апелира до граѓаните како превентивна заштита на своето здравје да ја збогатат својата исхрана со витамини, течности, овошје и зеленчук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа