Гевгеличани ја покажаа хуманата страна
Хуманитарното здружение „Ристо Калиников“ во соработка со гевгелискиот Црвен крст, денеска организираше крводарителска акција во која беа собрани 38 единици крв.
- Акцијата ја организиравме со цел да бидеме хумани и да им помогнеме на тие што најмногу им треба.Во иднина ќе биде традиционална и веројатно ќе ја организираме два пати во годината, рече Емилија Божинова од хуманитарното здружение „Ристо Калиников“ од Гевгелија.
Учесниците во акцијата донираа и парични средства кои ќе бидат наменети за лекување лица од социјално ранливите категории.
25.03.2014 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа