ВНИМАВАЈТЕ: Невреме проселдено со град се подготвува над Македонија

 

Денеска попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. На некои места врнежите ќе бидат пообилни, особено во крајните западни и североисточни делови од земјава.

Како што информира УХМР локално ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи, а не е исклучена ниту изолирана појава на град. Поради заладувањето во вечерните и ноќните часови во западните делови врнежите ќе поминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

24.03.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега