Битола се поатрактивна дестинација за туристите

 

Општина Битола утврди дека е зголемен вкупниот број на туристи кои го посетиле градот во периодот од јануари 2011 до ноември 2013 година. Регистрирани се 72.670 туристи од 60 држави во светот.

Најголем број од туристите кои доаѓаат во Битола се од Грција 4.132, од Турција 3.806, од Србија 3.155 и од Австралија 2.843, но значителен е и бројот на посетители туристи од Албанија, Италија, Холандија, Франција и Хрватска. Првпат по подолго време регистрирани се и туристички посети на поединци или групи од Бразил, Јапонија, Кина, Кореја, Јужна Африка и други држави од Австралија и Океанија.

За потребите на туристите општина Битола  располага со официјален тријазичен туристички портал www.bitolatouristinfo.com и со туристички инфо сет со разгледници и туристичка карта за целото подрачје на Битола, како и Водич за Битола. 

24.03.2014 - 11:55
Фото: 
ск.инфо.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега