Пензионер- дилер продавал дрога во Струга
Кривична пријава за продажба на дрога доби Д.У. (67), кого полициската станица во Струга го фатила со 53 грама хероин и дигитална вага.
Во петокот при претрес на неговиот дом во Струга, инспекторите пронашле 53 грама хероин во паковки скриени на различни места. Четири алуминиумски фолии и една дигитална вага се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујна на приземјето од куќата дом, а во преграден плакар во друг дел забележани се две паковки од црна најлонска фолија.
Во чантата на сопругата на пријавениот, пронајдена е една паковка завиткана во црна најлонска кеса додека во гаражата под стари теписи пронајдена е уште една фолија со хероин, извести СВР Охрид.
Од СВР Охрид велат дека сторителот им е познат од порано поради вршење слични кривични дела и добивал кривични пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа