Повредени 10 лица во сообраќајки во Скопје

 

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди, од кои 12 се со последица материјална штета, 10 со последица телесна повреда и една со последица тешка телесна повреда.

На 14 март, петок, се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле еден сопатник, еден пешак и двајца возачи на мопеди.

На 15 март, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило и тројца сопатници.

На 16 март, недела, се случиле 10 сообраќани незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета, четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири возачи на патничко моторно возило, четири сопатници во возилата и еден возач на мопед и една незгода која што се случила во 13 часот и 20 минути на ул. „Коста Новаковиќ“ во која учествувале патничко моторно возило „фијат“ и мопед со скопски регистарски таблички, во која со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопед.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 51 возачи коишто се затекнати како ги управуваат своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 19 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 16 возачи коишто поминале на црвено светло, седум возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и пет возачи почетници коишто ги управувале возилата во период од 23 до 5 часот без придружба на лице постаро од 25 години.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „26 Јули“ на подрачјето на општина Шуто Оризари.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

17.03.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега