Бебето фрлено на хауба било злоставувано?

 

Протекоа нови информации за бебето кое утринава беше оставено на хауба од автомобил паркиран зад Министерството за финансии, на улицата „Никола Вапцаров“. 

Како што дознава Канал 5 од Детската клиника, повредите кои биле откриени на телото на бебето, ги натерале лекарите да изразат сомнеж дека детето било злоставувано.

Случајот за бебето кое било фрлено на хауба, го пријавил случаен минувач. Бебенцето било веднаш згрижено и префрлено во болница.

 

16.03.2014 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега