Шокантно: Фрлил бебе на хауба во центарот на Скопје и си заминал

 

Се уште непознато лице утрово фрлил 3 месечно бебе на хауба во центарот на Скопје и си заминал. Како што дознава Press24 од полициски извори, анонимен минувач пријавил во полиција дека непознат маж го фрлил бебето врз хауба од автомобил паркиран на улицата Никола Вапцаров, поточно пред старата зграда на Министерството за финансии и си заминал. Бебето веднаш било згрижено во Детстката Клиника. 
Нема информации во каква состојба е детето ниту пак кој го оставил таму. Полицијата го потрди случајот.  Повеќе детали најавува за подоцна

16.03.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега