Џипот во кој удри автомобилот на Милошевски возел без светла и вртел на полна линија?

 

Неосветлен џипот вртел преку две полни линии. До вакви информации околу несреќата во која загина голманот Петар Милошвски дошол порталот ИдиВиди. Според информациите објавени таму Возилото Пежо во кое бил Милошевски се обраќало од Крива Паланка во насока кон Куманово, а џипот марка Ијаз во обратна насока. Дошло до директен судар меѓу двете возила, што било фатално за Милошевски.
„Според информациите до кои успеавме да дојдеме, возачот на џипот, најверојатно, посакувал да сврти и да пресече две полни линии. Исто така, неофицијално џипот бил неосветлен, а пежото се движело со поголема брзина од дозволената и во доцна го забележал другото возило кое било неосветлено. Ѓорѓиоски, најверојатно, во последен момент се обидел да избегне директен судир и свртел во спротивна насока по што десниот преден дел на пежото удрил во десниот преден дел на другото возило, а потоа автомобилот во кој бил Милошевски се свртел и завршил покрај патот. Џипот превртен завршил на патот. Некои непотврдени информации кажуваа дека возачот на џипот бил во алкохолизирана состојба. Се очекува во следните неколку денови МВР и официјално да соопшти како се случила сообраќајната незгода во која загина една од македонските фудбалски легенди.“ - пишува ИдиВиди

На местото на несреќата веднаш пристигнал Саша Ќириќ кој возел зад автомобилот во кој загина Милошевски. Како што веќе објавија повеќе медиуми тој два часа го држел во раце телото на Милошевски. 

15.03.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега