Охрид: Уапсиле младо момче - дошол братот и ги претепал

 

Драма го разбуди Охрид. Охриѓанец сакал да го “спаси“ брат му од полицајците, па ги претепал. 

Според МВР, ноќеска околу 2:30 часот, полициски службеници го привеле 20 годишниот охриѓанец А.Д. поради нарушување на јавниот ред и мир. Подоцна, во полициската станица пристигнал братот на А.Д., 23 годишниот Н.Д. и нападнал двајца полицајци. Полицајците заработиле повреди по целото тело.

Момчето било совладано и приведено околу 3 часот.

 

15.03.2014 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега