Берово: 30 годишен маж ја силувал жената на сопствениот брат

 

Ја силувал жената на сопствениот брат. Грозен настан се слуил вчера околу 11:45 часот во Берово, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, 30 годишниот В.Б. влегол во собата на жената н асопствениот брат и најпрво ја бакнал. Откако таа му се спротивставила, ја фатил за рака, ја турнал на креветот, со другаа рака и ја затворил устата, насилно ја соблекол и ја силувал. Откако завршил со грозниот чин. В.Б. станал од жената, а таа му рекла дека ќе го пријави во полиција. По ова тој повторно ја нападнал и уште еднаш извршил обљуба врз неа. 
Од МВР го потврдуват случајот. Велат дека 30 годишниот В.Б. е приведен во полицискта станица во Пехчево и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Press24 неофицијално дознава дека тој пред полцијата го признал делото.

 

15.03.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега