Гостивар во шок: Бесен тинејџер со стап си ги претепа бабата и дедото
18 годишниот гостиварчанец Ј.И. крвнички ги претепал своите баба и дедо.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера попладне, во станот на 69 годишниот М.И. Ј.И. ги нападнал М.И. и неговата сопруга Џ.И. и безмилосно ги претепал со клоци и дрвен стап.
Гостиварската полиција го привела бесниот Ј.И. Неговите баба и дедо заработиле видливи повреди.
15.03.2014 - 10:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа