Колегите на Милошевски скршени од болка: Загубивме голем човек!

 

Фудбалските работници, фудбалерите, репрезентативците, сите кои го познавале и соработувале со директорот на Фудбалската федерација на Македонија, Петар Милошевски, се шокирани од веста за трагедијата во која тој го загуби животот.

 Како што јавува порталот Курир, поранешниот репрезентативец Саша Чириќ и поранешниот селектор на Македонија Ѓоко Хаџиевски, кој му беше тренер на Милошевски во Пелистер и Вардар беа на местото каде се случи трагичната несреќа која ја зави Македонија во црно. 

-Во моментов не можам ништо да кажам. Не можам да се свестам!, вели Артим Шаќири, а Никола Илиевски-Џиџи вели дека Македонија загубила прекрасен и голем човек.

-Дали е можно? Не ми се верува! Петар Милошевски е најмирниот, најпобожниот и најпримерниот фудбалер што го имала Македонија. По дуелот со Летонија како никогаш досега со Петар седевме цели два часа во фоајето на хотелот и како никогаш досега пиевме пиво и отворено зборувавме за репрезентацијата и плановите. Само неколку денови потоа се случува трагедија. Не ми се верува..., вели Горап Попов, пренесе Курир.

 И гоце Седловски е шокиран од трагедијата: - Не можам да поверувам, разберете ме!

Повеќе за трагедијата во која Милошевски го загуби животот прочитајте ТУКА.

14.03.2014 - 14:00
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега